Кои се најчестите причини за надуеност?

Сподели со своите пријатели

За време на празниците често ги тестираме нашите граници за да одредиме колку храна можеме да јадеме без да се чувствуваме непријатно. Во тие моменти се јавува надуеност која може да уништи се.

Loading...

Надуеноста е чувство на непријатност во желудникот што произлегува од формирањето на зголемено количество гасови во цревата.

Проблемите кои се јавуваат вклучуваат, покрај гасови, подригнување или грчеви во стомакот, пишува Lifehacker, пренесува 24 sata.hr.

Многу фактори можат да доведат до надуеност, од запек до чувствителност на одредена храна. Најчесто се јавува кога има премногу храна, течност или гас во дигестивниот систем.

 

 

Тешко е да се идентификува што може да предизвика надуеност кај поединецот, но најчестите фактори се следниве:

Loading...

Пребрзо јадевте премногу храна

Не секое чувство на ситост е и надуеност, а непријатното чувство поради прејадување често нема врска со количината на храна, туку со воздухот.

Ова може да се случи ако зборувате и јадете во исто време. Исто така, виновници за овој проблем може да бидат премногу газирани пијалоци, гуми за џвакање или пиење пијалоци преку сламка.

Решението е да јадете побавно во вакви ситуации.

Затвор

Чувството на надуеност често се поврзува со запек. Решението е едноставно, а вклучува пиење топли напитоци, како и зголемен внес на влакна во исхраната.

Алергии и нетолеранции

Преосетливоста на одредена храна може да предизвика и надуеност, особено ако јадете премногу храна на која сте нетолерантни. Ова ќе предизвика формирање на гас.

Loading...

Најчести виновници се лактозата, фруктозата, глутенот и јајцата. Кај луѓето со синдром на нервозно дебело црево, фруктозата и лактозата може да предизвикаат значителни проблеми.

Доколку се обидувате да одредите која конкретна храна ви предизвикува проблеми, посетете лекар и водете дневник за исхрана во кој ќе видите како вашето тело реагира на одредена храна.

Ненадеен внес на влакна

Дури и ако немате нетолеранција на храна, храната богата со растителни влакна може да предизвика големи количини на гасови.

Тука спаѓаат мешунките како грав, леќа, грашок, боранија, но и зеленчук како брокула. Иако зголемениот внес на влакна е решение за запек, тоа може да доведе и до создавање на вишок гасови кои ќе предизвикаат надуеност.

Шекерен  алкохол

Во производите кои не содржат шеќер и во некои гуми за џвакање, често меѓу состојките има и засладувач во форма на шеќерни алкохоли. Прекумерното консумирање може да доведе до варење.