Тајванските власти спроведуваат истрага бидејќи лаборантка била позитивна на корона вирусот откако била каснат од глушец заразен со тој вирус.
Случајот на работник во Академијата Синик, една од главните лаборатории во Тајван, ги разбранува духовите, бидејќи бројот на случаи на тој остров е многу мал.
Здравствените власти потврдија дека лабораториската работничка била каснала двапати од глушец заразен со корона вирусот, а потоа била позитивна на ковид.
Сепак, сè уште не е јасно докажано дека била заразена со каснување, но постои основано сомневање дека е.
Тајванскиот министер за здравство Чен Ши-Чунг рече дека е „голема веројатност жена да е заразена на тој начин, бидејќи преносот на вирусот во заедницата речиси и да не постои“, пренесува RT.
Жената која била позитивна не патувала неодамна, а била вакцинирана со вакцината „Модерна“.
Таа работи во лабораторија која е класифицирана на високо ниво на биолошка безбедност.
Околу 100 луѓе кои биле во контакт со неа морале да бидат ставени во карантин.
Тајван, со население од 23 милиони, има една од најниските стапки на инфекција со коронавирус. Досега се пријавени нешто повеќе од 16.700 случаи, а починале 848 лица.