Здравствените власти на Нов Зеланд покренаа истрага откако маж, наводно, бил вакциниран против Ковид до 10 пати во еден ден, објавија локалните медиуми.
Се верува дека на мажот му било платено да се вакцинира наместо други луѓе, објави во саботата порталот Stuff.
Министерството за здравство на Нов Зеланд сериозно ја сфати ситуацијата, изјави за Stuff Астрид Корниф, шеф на програмата за вакцина и имунизација против КОВИД.
„Ние сме многу загрижени за оваа ситуација и соработуваме со соодветните агенции“, рече таа.
„Неточниот статус на вакцинација не ви се заканува само вам, туку и на вашите пријатели, роднини и заедницата во иднина, како и здравствените тимови кои ве лекуваат сега“, рече Корниф.
Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат документ за идентификација кога ја примаат вакцината.
Многу компании и институции во земјава користат домашен сертификат за вакцинација кој овозможува пристап до места само за целосно вакцинирани лица.
Околу 89 отсто од Новозеланѓаните се целосно вакцинирани. Со население од 5 милиони, земјата има пријавено околу 12.500 случаи на заболени од ковид-19 и 46 смртни случаи од почетокот на пандемијата.