Тестирале 15 електрични автомобили – ниту еден од нив не ја постигнал наведената автономија на возење

Сподели со своите пријатели

Жирито на еден од селекциите за автомобил на годината, AutoBest, ги тестираше електричните автомобили во практичното возење и нивниот радиус на движење. Се чини дека резултатите се разочарувачки, но потсетуваме дека автомобилите со бензин или дизел ретко, или воопшто, ја постигнуваат наведената фабричка автономија.

Loading...

Сепак, импресивно е што само пет тестирани електрични модели постигнаа повеќе од 90 проценти од официјалниот радиус на движење. Добрата вест, од друга страна, е што ниту еден модел немал помалку од 75 отсто од декларираната автономија.

 

 

Практичниот тест покажа и дека кога индикаторот за батеријата покажува дека не можете да продолжите да возите, сепак можете да поминете значителна километража – со 15 тестирани автомобили можеше да поминете меѓу 14 и 37,8 дополнителни километри.

Овие податоци се добиени од жирито на изборот AutoBest, кој го сочинуваат 30 европски новинари. Тие тестираа 15 електрични автомобили на тест патека во близина на Барселона, со основна продажна цена на возилото од најмногу 32.000 евра.

 

Loading...

 

Тоа беше најевтиниот електричен автомобил, Dacia Spring, кој постигна најдобар резултат. Dacia постигна 98,67 отсто од фабрички одреден радиус на движење, или 221,03 километри во споредба со ветените 224 километри.

На дното на листата е Citroën ë-C4 со 74,59 отсто од наведената автономија.

Citroën ë-C4 : 262,54 km (74,5 %)
Cupra Born: 339,11 km (79,9%)
Dacia Spring: 221,03 km (98,6%)
Fiat 500e: 265,46 km (82,9%)
Honda e: 174,18 km (78,4%)
Hyundai Kona: 446,64 km (92,2%)
Kia e-Niro: 433,35 km (95,2%)
Mazda MX-30: 183,32 km (91,6%)
Nissan Leaf: 311,06 km (80,7%)
Opel Corsa-e: 284,11 km (90,1%)
Opel Mokka-e: 260,37 km (80,3%)
Peugeot e-2008: 255,62 km (79,3%)
Peugeot e-208: 269,67 km (79,3%)
Renault Zoe: 334,22 km (85,9%)
VW ID.3 : 338,53 km (80,4%)