Намален бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид во Куманово

Сподели со своите пријатели

Намален е бројот на хоспитализирани пациенти од Ковид 19 кои се лекуваат во кумановската општа болница, информираа денеска надлежните.

Loading...

На инфективното одделение се лекуваат 18 пациенти, во модуларната 16.

Бројката на прегледани во амбулантата е околу 50-тина дневно, што е двојно намалување во однос на претходниот период кога имаше околу 100 прегледи.

– Последниве десетина дена постои тенденција на пад на број на нови случаи позитивни на ковид 19, имаме и намален број на прегледи и хоспитализации. Ова е едно намалување на бројката да се надеваме дека уште ќе одат надолу, иако во пресрет на празниците пак треба да водиме сметка да не постои едно претерано опуштање, бидејќи ни оди во прилог бројките да одат надолу и оваа болест конечно да се види крајот – изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Според последните податоци од Министерството за здравство во Куманово активни се 178 случаи, а од почетокот на пандемијата заболени се 12.979 лица.

МИА