Јапонците дизајнирале маски кои ја откриваат короната

Сподели со своите пријатели

Научниците од Јапонија тврдат дека антителата на нојот им овозможиле да дизајнираат лесни маски, кои помагаат да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирус.

Loading...

Необичен метод за откривање коронавирус разви тим од Универзитетот во Кјото.

Научниците им инјектирале на ноевите неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ светлина кога е присутен коронавирусот.

 

 

Откако следеа 32 заразени лица во период од 10 дена, научниците открија дека сите маски што ги носеле заразените луѓе блескаат. Сјајот избледе со текот на времето додека вирусот ослабна.

Претседателот на Универзитетот и водач на проектот Јасухиро Цукамото рече дека тој лично открил дека и самиот бил заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски.

Loading...

 

 

Планот на неговиот тим е да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од владата за продажба на маски следната година.

„Можеме масовно да произведуваме антитела од ној по ниска цена. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи“, рече Цукамото.