И Ајфон ќе добие дупка на екранот

Сподели со своите пријатели

Извештаите од Јужна Кореја споменуваат дека моделите на Ајфон следната година ќе добијат поинаков дизајн на дисплејот.

Loading...

Епл  моментално се соочува со проблеми со синџирот на снабдување кога станува збор за актуелната линија на iPhone на компанијата. Сепак, јужнокорејскиот медиум TheElec има интересна вест кога е во прашање линијата Ајфон 14.

 

 

Според наводите, Ајфон  Про моделите за следната година ќе користат селфи камери „punch-hole“ од 48MP, односно ќе имаат отвор на екранот за предната камера.

6,06-инчниот Ајфон 14 Pro и 6,7-инчниот Ајфон 14 Про Макс треба да користат LG Display LTPO 120Hz OLED панели и ќе бидат единствените што ќе имплементираат отворање на екранот за селфи камери.

 

Loading...

 

Кога станува збор за моделите на Ајфон 14 кои не се од линијата „Про“, се очекуваат верзии од 6,06 и 6,7 инчи, а ќе го задржат исечокот на екранот за предните камери, како што има сегашната линија на Ајфон. Овие дисплеи ќе ги произведува кинеската BOE, а ќе бидат LTPO екрани со стапка на освежување од 120 HZ.

Следната година се очекува нов модел на Ајфон СЕ, кој ќе го има истиот дизајн како сегашниот телефон, со додавање на 5G конекција.