АМЕКА – Роботот што има фацијална експресија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Новиот хуманоиден робот, производ на британската компанија „Engineered Arts“, е „опасно“ сличен на човек и е способен да демонстрира преку речиси реални човечки изрази на лицето.

Loading...

Компанијата вели дека Амека е „совршена платформа за хуманоиден робот да комуницира со луѓе и роботи“. Во снимката, објавена на Јутуб, се гледа роботот во „акција“ и докажува дека тврдењата на компанијата не се претерани.

Сивата машина е слична на ликовите од филмот „I, robot“ и може да прикаже низа човечки емоции придружени со реални движења на очите.

 

 

Се чини дека овој случај е програмирана демонстрација, каде што Амека се буди, потоа љубопитно и гледа во рацете, а потоа изгледа изненадено кога ќе забележи дека ја снимаат.

„Емотивниот“ робот е веќе достапен за купување и изнајмување.

Loading...

Моментално е во форма на стационарен модел, но програмерите планираат да го подобрат, па ветуваат дека „Амека еден ден ќе прошета“.