Сојузот на спортови ги победи полицајците, општинарите и Црвениот крст во мал фудбал (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Професори од Општинскиот сојуз на спортови го освоија првото место во турнирот во мал фудбал притоа совладувајќи го тимот на Секторот за внатрешни работи Куманово кои освоија второ место.

Loading...

 

 

Третото припадна на вработените во Општина Куманово, а четврто место освоија волонтерите на Црвениот крст.

 

 

Loading...

Турнирот беше организиран од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Локалниот совет за превенција со цел зближување на овие институции.

– Турнир во мал фудбал помеѓу институции, оние кои најмногу соработувавме во овој период и коишто се најважни за таа локална поврзаност и безбедноста на младите и возрасните. Тоа се одржа во текот на вчерашниот ден. Поентата не беше повеќе околу натпреварувачкиот карактер и кој ќе го освои пехарот, туку повеќе беше да се истакна таа наша заложба за заедничка поврзаност и посветеност на заедничкото работење, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.

 

 

Турнирот се реализираше под мотото „Заедно за здраво и безбедно детство“.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски