„ЗОМБИ ПОЖАР“: Надвор -60 степени, а гори под снегот и мразот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шумските „зомби“ пожари продолжуваат да беснеат низ еден дел на Русија и покрај тоа што температурите во регионот паднаа и до 60 степени под нулата.

Оддалечените делови на Сибир беа погодени од некои од најстудените бранови на Земјата, а температурите во Дељанкир во Русија паднаа на 59,2 степени под нулата.

Регистрираните температури се најниски од јануари 2014 година. Минатиот јануари температурата се спушти на -58,3 степени.

И покрај овој студен студ, некои од најнемилосрдните шумски пожари во природата продолжија да избувнуваат и покрај бруталнo niskite temperaturi.

Тресетни пожари, познати и како „зомби пожари“, го добиле своето име затоа што изгледаат како да можат да се вратат од мртвите. Летните пожари се гаснат на површината. Меѓутоа, под земја, огнот е поттикнат од тресет и метан кои се акумулирале со милениуми.

„Вечниот мраз“ што се одмрзнува не е секогаш доволен за гаснење на пожарите, бидејќи гасот се ослободува и го враќа шумскиот пожар што „оживува“.

Како изгледа овој природен феномен можете да погледнете во видеото: