Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од омикрон сојот на корона вирус, добиена со помош на електронски микроскоп.
Омикрон првпат беше откриен на 24 ноември во Јужна Африка. Првичните студии покажаа дека е потенцијално повеќе пренослив од другите варијанти.
Медицинските научници, вклучително и патолози и виролози, успеаја да направат електронска микрографија на клетката на бубрегот на мајмун / Веро Е6 / откако таа беше заразена со варијантата омикрон.
Универзитетот објави слики со мало и големо зголемување. При мало зголемување, сликата покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички, објаснуваат истражувачите.
Високото зголемување покажува агрегати на вирусни честички со шилци во облик на корона на нивната површина.
Според извештаите, истражувачите од Одделот за микробиологија на Универзитетот во Хонг Конг успеале да го изолираат омикронот од клиничките примероци, што ќе овозможи развој и производство на вакцини против новиот вид.
Видот омикрон првпат беше откриен во Јужна Африка кон крајот на ноември. Видот содржи повеќе мутации на шилестиот протеин – 32 – од сите претходни варијанти, што значи дека би можел да се меша со имунолошкиот одговор на телото и полесно да се шири, потсетува Спутник.
Prof Malik Peiris from @HKU_SPH and Prof John Nicholls from the Department of Pathology have released an electron microscope image of the SARS-CoV-2 Omicron variant.#COVID19 #OmicronVariant
For more: https://t.co/lyG0wLtYK1
— HKU Medicine (@hkumed) December 8, 2021