Тој има 77, а таа 20 години: Тврди дека е лудо вљубена во него и сака да се венчаат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Студентка од Бурма (20) открила дека се подготвува да се омажи за 77-годишен пензионер откако на интернет „лудо се заљубила во него“.

Дејвид и Џо се заедно 18 месеци и велат дека не се само љубовници, туку и најдобри пријатели и сродни души.

Тие сè уште не успеале да се сретнат лично, бидејќи Дејвид е во Бату, Велика Британија, а Џо е оддалечена 8000 километри, во Мјанмар, воена зона каде патувањето е многу ограничено.

Сепак, парот се надева дека наскоро ќе може да отпатува за да се запознае и да се венча кога Џо ќе успее да добие виза и пасош.

„Јас не сум конвенционален тип и секогаш го следев моето срце“, рече Дејвид и додаде: „Кога има силна љубов и наклонетост меѓу двајца луѓе, зошто да се анализира?

 

 

Се пронашле на апликација за запознавање партнери

Џо барала спонзор и некој на апликацијата кој може финансиски да ѝ помогне додека студира, а Дејвид барал малку флерт на интернет.

Пензионерот, всушност, гледла исклучиво во профилите на помладите девојки во Велика Британија.

„На такви страници, имаш многу среќа ако воопшто добиеш одговор на моја возраст. Отсекогаш сум се чувствувал млад и секогаш сум имал помлади партнерки. Не можам да замислам да бидам со некој на моја возраст, дури ни во моите 50-ти“.

Иако всушност живеела во Мјанмар, Џо ја навела Велика Британија како нејзина локација. Сакала да им се допадне на мажите од Велика Британија за да можат потоа да и ги финансираат студиите, како што и самата признава.

„Разговаравме со часови и се заљубив во него бидејќи ми беше голема емоционална поддршка. Ме насмеа и често разговаравме на телефон и покрај временската разлика од шест и пол часа”, признала Џо.

По неколкумесечна преписка, Дејвид открил дека избраничката на неговото срце всушност била во Мјанмар, но тоа не му пречело премногу.

 

 

Бил импресиониран што може да ја спонзорира и да и пружи емоционална поддршка, иако не можел да ѝ пружи финансиска помош.

„Таа ја пополнува мојата празнина, но свесен сум дека јас сум само нејзина излезна карта од Мјанмар“, признала пензионерот.

Тој е во ред со тоа што Џо бара сексуални партнери на негова возраст, сè додека  и нему му пружа задоволство.

„Сакам да се омажам за неа за да има сигурност. Никогаш не сум сакал деца, па тоа не ми игра улога, но ако таа ги сака – кој знае”.