УХМР со најава за врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови кога поради спуштање на постудена воздушна маса и на повисоките места ќе преминуваат во снег. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

Времето утре ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, стои во соопштението на УХМР.

Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

НЕДЕЛНА ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Подгответе се за дожд и снег!

Никола Ивановски