Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.
Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата на воздухот во утринските часови ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.
Значителен пад на температурите ќе има веќе утре. Во кумановско утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне само три степени во позитива.
Во среда се очекува преодна стабилизација на временската состојба. Ќе имаме претежно сончево и ведро небо со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од -6 степени во утринските часови, до максимални четири во текот на денот.
Мало зголемување на облачноста ќе имаме в четврток, но ќе се задржи претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од југосточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови. Ноќта кон петок ќе се зголеми облачноста и ќе настапат врнежи од дожд.
Врнежите од дожд ќе продолжат во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 10 степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме исто така облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови, до максимални осум во текот на денот.
Недела носи разведрување и сонце на небото со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Во утринските часови температурата ќе биде само еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до седум степени целзиусови.
Следната работна недела ќе преовладува претежно стабилно време.
Никола Ивановски