Мобилниот телефон на кралицата Елизабета Втора (95) е еден од најзаштитените во светот, а наводно е невозможно да се хакира.
Станува збор за Samsung кој е заштитен со MI6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.
„Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана и менаџерот на коњски трки Џон Ворен“, рече Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот на Кралското семејство во САД.
ЗАКЛЕТВА НА БОГА: Кралицата Елизабета ќе остане на тронот до смртта
Кралицата го познава Ворен преку покојниот пријател, Ерл од Карнарвон, чиј зет е Џон.
Иако во последно време не ` е добро и лекарите ја советувале да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.
– Кралицата рече дека се чувствува многу подобро, и дека со нетрпение чека да ги пречека своите гости за Божиќ – открил извор за Дејли Меил, а кралицата празниците ќе ги прослави без принцот Хари (37), Меган (40) и нивните две деца.
Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а ова е прв Божиќ за кралицата без принцот Филип и внукот Хари.
Протекоа детали од планот што во случај Кралицата Елизабета да почине!