НЕСЕКОЈДНЕВНО: Поради снежна бура купувачи и вработени морале да преспијат во ИКЕА (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Шест клиенти и околу 20 вработени во продавницата ИКЕА неочекувано ја поминале средата навечер во стоковна куќа во Данска, откако останале заглавени поради снежна бура.

Loading...

Наместо да го пробијат невремето и снегот, клиентите и персоналот добиле можност накратко да живеат во една од најпопуларните продавници за мебел.

Тие можеле да изберат каде да поминуваат време и во кој кревет да спијат, пишува Дејли Мејл.

 

 

„Спиевме во салоните на првиот кат каде што имаме кревети, душеци и софа кревет“, рече менаџерот на продавницата Питер Елмроуз.

Тој додаде дека ова е и можност за клиентите да пробаат кревет што можеби размислувале да го купат.

Loading...

 

 

На оваа „пижама парти“ во ИКЕА се придружиле и вработените во блиската продавница за играчки. Целата компанија која поради временските услови заглавила во ИКЕА, вечерала таму, гледала телевизија, а менаџерот на продавницата наведува дека се поминало добро и дека се забавувале.

– Многу е подобро од спиење во автомобил. Беше убаво и топло и среќни сме што нѐ пуштија внатре. Ситуацијата ни беше смешна бидејќи веројатно никогаш повеќе нема да ја доживееме – изјави шефицата на продавницата за играчки Мишел Барет.