Астероид поголем од Ајфеловата кула ќе помине покрај Земјата следната недела

Сподели со своите пријатели

Се очекува да помине покрај Земјата на 11 декември. Астероидот по име 4660 Нереус има дијаметар од дури 330 метри, но нема потреба од паника бидејќи ќе помине на оддалеченост од 3,93 милиони километри од Земјата. Тоа е десет пати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.

Loading...

Сепак, овој астероид е класифициран како потенцијално опасен објект, а причината за тоа е неговата големина. Имено, секој астероид кој минува на 7,48 милиони километри од орбитата на Земјата и има дијаметар поголем од 140 метри е класифициран како потенцијално опасен.

Иако астероидот не претставува закана, подобро е да се подготвиме, бидејќи знаеме дека астероидите значително влијаеле на Земјата во минатото, пишува Science alert.