63 санкции за неисправни возила што вршат јавен превоз

Сподели со своите пријатели

Вкупно 63 санцкии изрекла полицијата во текот на вчерашниот ден откако само четири часа вршела контрола на возила од јавниот превоз низ целата држава.

Loading...

– На 01.12.2021 од 8 до 11 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила. Од нив 31 возило имало неисправен уред за запирање, две возила неисправен уред за управување и др.

Како што појаснуваат од полицијата, од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територја на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Тетово, пет на територија на СВР Штип…

Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

Никола Ивановски