Кина го повика на итен разговор јапонскиот амбасадор

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика денеска на итен разговор јапонскиот амбасадор во Пекинг, откако поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе изјави дека неговата земја, како и САД, не можат да се воздржат доколку Кина го нападне Тајван.

Loading...

Затоа Кина испрати протестна нота до Јапонија.

Кинескиот помошник министер за надворешни работи Хуа Чунјинг ги нарече зборовите на Абе погрешни, како и кршење на основните норми во односите меѓу Кина и Јапонија, за време на средбата со јапонската амбасадорка Хиде Таруми, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

Коментарите на Абе „отворено го доведуваат во прашање суверенитетот на Кина и им дадоа поддршка на независните сили во Тајван“, додаде Хуа.

„Кина одлучно се противи на ова“, соопшти Министерството, додавајќи дека Хуа испратила протестна нота до Јапонија.

Говорејќи на виртуелниот форум организиран од Тајван во средата, Шинзо Абе рече дека вооружената инвазија на островот ќе претставува голема опасност за Јапонија.

Абе, кој минатата година ја напушти премиерската позиција, е лидер на најголемата фракција на владејачката Либерално-демократска партија и има силно влијание во партијата.