Полска ги обвини белоруските војници за примена на пневматско оружје

Сподели со своите пријатели

Полскиот министер за национална одбрана Мариуш Блашак тврди дека од територијата на Белорусија со пневматско оружје било пукано кон проектори со осветлување сместени на границата.

Loading...

„Во регионот на Тереспол пукано е врз осветлувањето поставено од полската армија на границата со Белорусија. Проекторите се уништени по пукање од пневматско оружје од територијата на Белорусија“, напиша Блашак на Твитер.

Полскиот министер смета дека за пукањето одговорни се припадниците на белоруската армија.

„Провокациите на белоруските служби се апсолутно неприфатливи. Во Министерството за национална одбрана ќе биде поканет одбранбено аташе за да го разјасни инцидентот во регионот Терешпоље“, рече тој.

Неколку илјади мигранти се собраа на границата меѓу Белорусија и Полска во последните неколку недели, со надеж дека ќе стигнат до земјите од Европската унија.

Полските власти ја засилија безбедноста на границите, ја концентрираа армијата и ги спречија обидите на илегални имигранти да влезат во земјата, обвинувајќи го Минск за мигрантската криза.

Белорусија ги негира сите овие обвинувања, тврдејќи дека Полска насилно протерува мигранти на територијата на Белорусија и вештачки ја влошува ситуацијата со бегалците.