Новата варијанта на коронавирусот, омикрон, беше откриена неодамна во Јужна Африка и досега е откриена во неколку земји, меѓу кои Австрија, Белгија, Франција, Германија, Данска, Италија, Португалија и Обединетото Кралство. Освен во Европа, омикрон се прошири и во Азија и Северна Америка.
Новата варијанта има повеќе од 30 мутации во S-протеинот, но научниците се уште не се целосно сигурни како тоа влијае на преносливоста и клиничката слика на пациентите.
Еве како можете да се заштитите од нова варијанта на вирусот и како да го препознаете.
Симптоми на омикрон
Прелиминарните податоци покажуваат дека варијантата омикрон предизвикува нешто поблага клиничка слика, но ќе бидат потребни дополнителни податоци за да се потврди тоа со сигурност.
Обрнете внимание на овие симптоми:
– треска или температура
– кашлица и болки во грлото
– главоболка
– замор
– болка во телото и мускулите
– отежнато дишење или проблеми со дишењето
– гадење и повраќање
– дијареа
– губење на вкус и мирис
Ако се сомневате дека сте се заразиле, треба да се тестирате. Тестовите што досега се користеа за откривање на коронавирус се исто така чувствителни на омикрон, така што тие сè уште можат да се користат.
Ако се чувствувате слаби, можете да се тестирате и со брз домашен тест кој исто така може да покаже дали сте заразени.
Ако сте биле во контакт со некој што се заразил со Ковид, треба да се тестирате во рок од три до пет дена од контактот, дури и ако сте биле вакцинирани.
Вакцинирајте се
Вакцината е најдобриот начин да се заштитите од вируси. Сè уште не е целосно јасно како омикронот ќе влијае на ефектот на вакцината, но гледајќи ги другите варијанти, вакцините сепак обезбедуваат голема заштита од смрт и хоспитализација.
Ако веќе сте имале ковид-19, сепак треба да размислите да се вакцинирате. Омикрон носи голем број мутации кои веројатно ќе им олеснат на некои луѓе повторно да се инфицираат, а вакцинацијата по закрепнувањето секако ќе ја зголеми заштитата.
Ако веќе сте биле вакцинирани, размислете за бустер доза, особено ако имате над 65 години.
Бустер дозата обезбедува дополнителна заштита од инфекција и хоспитализација, пишува Попши.
Основни мерки
Не треба да се заборават основните епидемиолошки мерки кои се на сила од почетокот на епидемијата.
Сè уште се препорачува носење маска, особено во затворени простории.
Дополнително, редовно мијте ги рацете, одржувајте дистанца и не учествувајте на поголеми собири.