На никого не му е удобно кога на неговиот праг ќе се појави непознато лице. Особено за време на епидемијата на коронавирус, кога носи маска на лицето.
Во тие моменти сешто може да ви падне на ум, па затоа е најдобро на целиот момент да му пристапите внимателно.
Една жена од снимката од САД по име Ким Бент доживеала токму таква ситуација, кога непознат маж и заѕвонил на вратата.
„Еј, како си?“ ја праша пред вратата, држејќи нешто во раката.
„Добро сум“, рече жената чиј глас беше јасно растреперен.
Иако била малку исплашена од тоа што мажот прави пред нејзината куќа, тој потоа ја прашал дали тоа што го држи во рака е нејзината чанта.
Ким била видно збунета и згрчена. По првичната бламажа таа рекла не, по што тој извадил лична карта за која се испоставило дека е од ќерката на Ким.
„О Боже, тоа се работите на мојата ќерка“, рече жената шокирана, сфаќајќи дека нејзината ќерка сигурно ги изгубила документите додека била во трговскиот центар.
– Најдов чанта на паркингот. Не знам дали ја изгубила, сите нејзини информации се внатре. Сè – рече човекот со мирен тон.
Каменот конечно и паднал од срцето на жената бидејќи се покажа дека се уште има добри луѓе, со што се согласија луѓето на Инстаграм.
View this post on Instagram