Ариана Дабни објавила видео на социјална мрежа ТикТок во кое го покажала фустанот за кој вели дека планира да го носи на свадбата на нејзиниот татко.
Таа подготви краток црн фустан од брендот God Saves Queens кој има едно ременче на рамо и голем проѕирен дел. Цената на овој фустан на официјалната веб-страница на брендот е 199 долари.
„Ќе го носам ова на свадбата на татко ми следниот викенд. Штиклите ќе изгледаат подобро, не грижете се“, напиша Ариана покрај видеото објавено на TикТок и предизвика мноштво реакции.
„Зошто би го носела ова на свадбата на татко ти ?“, „Овој фустан не е соодветен за свадба“, „Не го носи ова, те молам“, се само некои од коментарите на придружниците.
Многу корисници на TикТок, сепак, сфатија дека веројатно станува збор за шега за Кендал Џенер, која за венчавката на својата пријателка носеше многу оскуден црн фустан со триаголни панели и предизвика негативни реакции.
„Се потсмевате со Кендал Џенер“, „Во ред, Кендал“, „Некои од вас ја пропуштија шегата“, се дел од коментарите.
Видеото е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати.
https://www.tiktok.com/@ariannahisabelle/video/7029497060374318383?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=7018437766186927621