За еден ден двојно зголемен водостојот на Пчиња и Кумановка

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња за само еден ден е двојно зголемен како резултат на врнжите кои во изминатите денови го зафатија кумановскиот крај.

Loading...

Според последните мерења извршени од Управата за хидрометеоролошки работи утринава во 07:30 часот, водостојот на Пчиња изнесува 60 сантриметри, односно двојно повеќе во споредба со вчера кога изнесувал 30.

По долг временски период за прв пат нивото на водата во Пчиња е над просекот, кој за овој период од годината изнесува 47 сантиметри.

Зголемување се бележи и на водостојот на реката Кумановка со мерна станица во село Доброшане. Вчера во 08:00 часот биле измерени 39 сантиметри, а денеска во истиот период се забележани 45 сантиметри. И ова претставува скоро двојно зголемување ако се земе предвид дека долго време водостојот на оваа река беше едвај дваесетина сантиметри.

Никола Ивановски