Повеќе од две децении подоцна, по бројните предизвици и неволји што го снашле како момче родено без нозе и раце, тој ги мотивира луѓето ширум светот.
Скролајќи низ TikTok, повеќе од два милиони луѓе редовно застануваат за да го гледаат Гејб како ги извршува секојдневните задачи, зборува за неговиот приватен живот и покажува како најдобро да се нашминкате.
Гејб, кој се смета себеси за небинарна личност, е роден со редок Хенхарт синдром кој може да резултира со неразвиени делови од телото или дури и целосно да исчезнат.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што му припаѓа на овој втор, потежок случај, тој бил оставен во болница по неговото раѓање, но девет месеци подоцна бил посвоен од семејство од Јута во САД, со што се здобил со неколку браќа и сестри, кои го третирале како еднаков на ним.
Како дете, Гејб користел инвалидска количка и се борел со губење на меморијата, но сепак неговото семејство го научило да биде „силен, љубезен, искрен, лојален, паметен, храбар и независен“, иако неговите врсници мислеле поинаку.
View this post on Instagram
На ТикТок раскажа како другите деца го оставиле надвор од игра и го потценувале кога се во прашање училишните обврски.
Спасот го нашол во танцот, кога цела сала ќе застанела да му аплаудира на човек без раце и нозе што ги остава без здив со неговите танцови движења, а во исто време добил и негативни коментари на интернет.
Помислата дека „не е доволно добар“ го навела пред седум години да се обиде да се самоубие, за што вели дека за среќа „не успеало“.
View this post on Instagram
– Тешко ми беше да престанам лично да ги земам работите на интернет – вели тој.
Нешто повеќе од една година откако тој почнал да објавува видеа на ТикТок, го запознал својот сегашен сопруг, а парот е во брак од јуни оваа година.
Со споделување видеа од секојдневниот живот, тој сака да ги едуцира луѓето за тоа како да вршат активности кои се рутински за повеќето од нас.
Тој е многу успешен во тоа и редовно им пркоси на очекувањата на гледачите, објаснувајќи дека постојаната „внатрешна“ борба е поголема од физичката.
View this post on Instagram
– Постојано го кажувам тоа и можеби звучи како клише, но животот и искуствата на секого се различни. Тоа е добро, бидејќи тогаш сите учиме различни лекции и можеме да ги споделиме. Само сакам да кажам – не се откажувајте! Секогаш има луѓе кои се грижат за вас и кои ве сакаат – вели Гејб.
@gabeadamsI love them all!!!💕 #family #weddingpictures #siblingcheck #guncle #greenscreenvideo #greenscreen #thankful ♬ Family (feat. Bebe Rexha, Ty Dolla $ign & A Boogie Wit da Hoodie) – David Guetta