Момчето ја силивало осум часа па ја посипал со киселина, еве како изгледа денес по 400 операции (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кејти Пајпер, ТВ водителка од Велика Британија до пред неколку години можела да се пофали со живот од соништата.

Loading...

Била на врвот на кариерата, не ѝ недостигала популарност, одлично заработувала, а паралелно со телевизиската работа се занимавала и со активизам, манекенство и пишување.

Тогаш целиот нејзин свет се срушил.

Поранешното момче на Кејт, Даниел Линч, прво ја киднапирал и ја мачел со часови, ја силувал 8 часа, а потоа неколку недели подоцна му платил на Стефан Сивестре да ја чека Кејти на улица и да ја полие со киселина.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

„Кога ми истури киселина во лицето, мислев дека горам во пеколот. Тоа беше неопислива, единствена, измачувачка болка. Ја изгубив иднината, кариерата, духот, телото, изгледот, достоинството… Сѐ. Дел од мене тој умре и никогаш нема да се врати. Ова е полошо од смртта“, изјавила Кејти тогаш.

Loading...

Од 2008 година, кога се случил нападот, Кејти имала повеќе од 400 операции, а потоа конечно ѝ се насмевнала среќата.

Таа се вратила во телевизискиот бизнис и напишала три книги за нејзиното ужасно искуство за да го сподели со другите низ што минувала поради лошите емотивни избори.

Борбата за живот и големата победа и ја обезбеди титулата „Жена на годината“ во 2011 година.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

Иако поминала низ трауматично искуство, Кејти не ја изгубила вербата во љубовта. Пред четири години таа се омажила за Ричард Џејмс Сатон со кој добила две ќерки.

Сепак, нејзините здравствени проблеми не останале во минатото, каде што таа оставила грди спомени од врската со бившиот кој се обидел да ја убие.

Loading...

Неодамна ѝ била пресадена кожа на десниот очен капак, а потоа добила толку силни задушувања што лекарите едвај ја спасиле.

Докторите прво морале да ја отстранат целата кожа од уништеното лице на Кејт, и да ја заменат со кожата добиена од серија трансплантации. Таа сè уште оди на операции за што повеќе да се поправат лузните и да се врати функционалноста на лицето.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by K A T I E P I P E R (@katiepiper_)

 

Тие денес се горди родители на две ќерки, Бел Елизабет и Пенелопе Дијана, а Кејти во една прилика изјавила дека ќе им ја раскаже целата приказна кога ќе бидат доволно возрасни за да разберат.

Погледнете го видеото од нападот на Кејти:

 

Loading...

https://youtu.be/kprLnDWIex8