Во понеделникот руската армија успешно тестираше уште една хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ за време на трка со ваков тип на оружје, која Москва ја смета за „непобедлива“.
Оваа вест доаѓа откако неодамна во американските медиуми беше објавена информација дека Кина летово тестирала хиперсонична ракета, која сама може да истрела проектил, што е технологија која сѐ уште ја немаат ниту САД ниту Русија.
Во соопштението на руската армија се наведува дека ракетата „Циркон“ била истрелана од фрегатата „Адмирал Горшков“ кон цел во водите на Белото Море, на Арктикот.
Лансирањето беше „оценето успешно“, бидејќи целта, оддалечена повеќе од 400 километри, беше „погодена“, се вели во соопштението.
Видеото објавено од Министерството за одбрана покажува блесок на светлина и ракета како лета зад димната патека среде ноќ.
Циркон за првпат беше официјално пуштен во употреба во октомври 2020 година, што претседателот Владимир Путин го нарече „голем настан“.
После тоа имаше и други тестови, особено од фрегатата Адмирал Горшков и потопената подморница. Последното вакво пробно лансирање се случи на 18 ноември.
Во време на тензии со западните земји, особено со САД, Русија во последните години редеше најави за развој на ново оружје што Путин го опиша како „непобедливо“, како што е Циркон.
Вториот, со максимален домет од околу 1.000 km, треба да биде составен дел од опремата на површинските бродови и подморниците на руската флота.
Првите хиперсонични ракети од новата генерација „Авангард“, кои можат да постигнат брзина од 27 мах и да го менуваат правецот и висината, беа воведени во употреба во руската армија во декември 2019 година.
Русија исто така сака да развие оружје што може да се користи во вселената.
Така, таа неодамна призна дека уништила стар советски сателит во орбитата, што го налути Западот, кој обвини дека ја загрозува Меѓународната вселенска станица (ISS) со предизвикување на големо количество отпад.