Во Јужна Кореја, специјалните простории за релаксација стануваат сè попопуларни, додека Јужнокорејците учат како да живеат со Ковид.
Понекогаш се што ви треба е едноставен душевен мир – да се ослободите од стресот.
Во Јужна Кореја, луѓето плаќаат за привилегијата да го прават токму тоа. Во Сеул, во близина на градската шума, во чајџилница е резервиран простор за одмор и осаменост.
Во чајџилницата се сместени само 10 луѓе, на кои не им е дозволено да носат чевли или да зборуваат.
Овој простор имал постојано ниво на посетители за време на пандемијата, бидејќи идејата за посебен простор за релаксација добил голема популарност во земјата, пишува РТС.
Клиентите на просторот за релаксација можат да седат на удобно столче во просторија со поглед на дрвјата и на небото. Тие можат да читаат, пишуваат, медитираат или едноставно уживаат во глетката со шолја чај.
Бае Хјун, вработен во ресторан наречен Грин Лаб, рече дека е тешко да се најде простор во корејското општество каде што „не е прифатливо да се прави апсолутно ништо“.
„Луѓето се чини дека се сè повеќе заинтересирани за ова, иако мислам дека ќе биде потребно повеќе време за да стане широко популарен“, рече тој, додавајќи дека како што луѓето учат да живеат со Ковид, овој концепт би можел да стане почест и распространет.
Нивото на стрес кај жителите во Јужна Кореја било високо дури и пред да започне пандемијата, а работниците имаа најголем број прекувремени часови во светот.
Во 2018 година, откако официјалните податоци открија дека стотици луѓе починале како резултат на прекумерна работа во 2017 година, владата на Јужна Кореја усвои закон со кој се намалуваат максималните работни часови од 68 на 40 часа неделно, со 12 часа платена прекувремена работа.
Студијата објавена претходно оваа година покажа дека нивото на стрес и депресија кај Јужнокорејците се зголемиле поради пандемијата, при што 72,8 отсто од над 1.000 анкетирани Корејци изјавиле дека се под стрес.