Новото истражување носи многу интересни резултати кои ќе ги воодушеват сите леваци.
Имено, бројките се јасни и покажуваат дека леваците, во споредба со деснаците, уживаат во подобар секс.
Животот за леваците понекогаш може да биде доста комплициран, а секојдневното справување во свет првенствено подреден на десничари не е секогаш лесно.
Сепак, во еден сегмент ги победија десничарите, а тоа е сексот.
Според едно неодамнешно истражување, леваците се дури 71 отсто позадоволни од сексот отколку десничарите.
Студијата опфатила 10.000 испитаници, од кои дури 86 отсто од леваците изјавиле дека се исклучително задоволни од својот сексуален живот наспроти само 15 отсто од десничари.
Научниците сѐ уште немаат одговор на прашањето зошто леваците се позадоволни од сексот, но се претпоставува дека одговорот е фактот дека тие едноставно, во итен случај, се многу поимагинативни.
И додека светот е подложен на десничари, како што се играње видео игри или отворање конзерви, леваците се принудени да усовршуваат други вештини.