Ако не можете да одлучите каде да одите на одмор, авиокомпанијата ќе го направи тоа наместо вас.
Луфтханза дизајнирала мистериозни летови кои ги носат патниците до бројни дестинации.
Идејата е да го изберете аеродромот од кој ќе полетате, една од деветте интересни туристички локации и датуми кои ви одговараат, а потоа по резервацијата да ја дознаете вашата дестинација.
„Очекувајте атрактивна дестинација во Европа“, стои на нивната веб-страница.
Има голем број тематски дестинации, а меѓу најевтините (68 евра) се локациите од категоријата „Дестинации за гледање“.Меѓу нив се Даблин, Краков, Рига, Варшава, Талин и Памплон.
Можете да изберете и од следниве теми: Уметност и знаменитости, локации на отворено, забава и места за љубовници.
Меѓу најскапите се летовите за Амстердам, Париз, Рим, Венеција и Будимпешта, кои се 99 евра.
Мистериозно патување можете да резервирате 42 дена пред поаѓање (но и само ден пред поаѓање), а бидејќи дестинацијата се открива по резервацијата, имате време и да го испланирате патувањето и да резервирате сместување.