Австрија препорача вакцинација на деца од 5 до 11 години

Сподели со своите пријатели

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на вакцината „Бионтек-Фајзер“ кај деца на возраст од пет до 11 години, австриската национална управа за вакцини (НИГ) издаде препорака за вакцинација на децата.

Loading...

„Вакцинирањето на децата е безбедно“, изјави министерот за здравство Волфганг Микштајн.

Тој најави дека до крајот на годинава во Австрија ќе бидат доставени 258.000 дози вакцина за деца.

„Тоа е максималната сума што ја добиваме“, нагласи Микштајн.

Во Австрија живеат околу 600.000 деца на возраст од пет до шест години, а вакцинацијата „off label“ веќе се спроведува во Виена, Долна Австрија, со иницирање на една третина од дозата за возрасни за деца.

Втората доза се дава на децата по три недели.

Директорката на НИГ Урсула Видерман-Шмит изјави дека во САД и Израел веќе се вакцинирани околу 3,3 милиони деца и дека нема ниту еден случај на тешки несакани ефекти, пренесува Танјуг.

Министерот Микштајн апелираше до родителите да се информираат од педијатрите и да ги заштитат своите деца со вакцината.

Loading...