Властите на Велика Британија најавија дека ќе забранат патување од шест јужноафрикански земји, откако Јужна Африка откри нова варијанта на корона вирусот, со голем број мутации.
Според „Слободна Европа“, вакцините може да бидат помалку ефикасни против новите варијанти на вирусот.
„Првата информација што ја имаме за оваа варијанта е дека можеби е повеќе пренослива од варијантата Делта, а вакцината што ја имаме во моментов може да биде помалку ефикасна против неа“, рече министерот за здравство Саџид Џавид.
ЕУ предлага забрана за летови од Јужна Африка поради новиот сој на ковид
Министерот рече дека во Британија досега не е пронајдена нова варијанта, која Јужна Африка ја припишува на зголемувањето на случаите и која била откриена и кај патници од таа земја во Боцвана и Хонг Конг.
Тој, сепак, рече дека британските научници се длабоко загрижени и дека, како мерка на претпазливост, донесена е одлука да се прекинат сите летови од Јужна Африка, Намибија, Лесото, Есватини, Зимбабве и Боцвана од петок.
Британските патници кои се враќаат од тие дестинации ќе мора да одат во карантин, пренесува Ројтерс.
„Ако некој дојде порано, треба да се изолира дома и да направи ПЦР тест на вториот и осмиот ден. И ако некој пристигне од некоја од тие земји во последните 10 дена, ќе го замолиме да направи ПЦР тестови“, рече Џавад.
Велика Британија е меѓу најтешко погодените земји со околу 144.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата на почетокот на минатата година.