Вчера околу 14 часот во околината на Белград, во Лештане, одекна силна експлозија, а се работи за детонација на ракетно гориво во погоните на компанијата на индустријата за специјална намена „Едепро“, во која се наоѓаат противградни ракети.
Како што пренесува ТВ Пинк, сѐ уште е невозможно да се приближи до фабриката, додека екипите сѐ уште се на терен, како мерка на претпазливост поради нови потенцијални експлозии.
Како што додаваат, најверојатно уште едно лице им подлегнало на повредите, а останатите 15 работници се добро.
„Во текот на ноќта немаше експлозии, нe беа пронајдени нови повредени работници. Експлозијата што се случи се случи во магацинот, а при експлозијата тој буквално останал без покрив“, велат од местото на настанот.
Вчера на терен биле дури 15 екипи на пожарникари. Граѓаните ја поминале ноќта во страв од нови експлозии, но и страв од нови детонации.
Властите соопштија дека се е под контрола во моментот. Во моментов се во посета на куќите кои претрпеле материјална штета, за да се санира се што е уништено.
Да потсетиме, две лица загинаа, а 16 се повредени во страшна експлозија во фабриката за ракети на компанијата „Едепро“ во Лештане.
Двајца од повредените се сместени во Ургентниот центар во Белград, а осуммина на ВМА.
Според извештаите на лекарите од ВМА, сите осуммина повредени се со тешки телесни повреди, но нивната здравствена состојба е стабилна.
„По пристигнувањето на местото на настанот, констатирано е дека дошло до експлозија во магацин со површина од 240 метри квадратни, во кој биле складирани 500 ракети со 30 килограми ракетно гориво“, објасни командирот на белградската пожарна и Спасувачка бригада, Милош Мајсторовиќ.
Заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ утрово во 7 часот одржа состанок на Штабот за вонредни состојби во Лештане, во кој вчера се случи тешка несреќа кога дошло до експлозија во фабриката за ракетно гориво.
– Донесена е одлука градската општина Грочка да формира Комисија за проценка на штети, која денеска ќе излезе на терен. Наведено е дека ниту една зграда не е толку оштетена што луѓето не можат да живеат во неа. Во моментов се проценува дека се оштетени 70 куќи. На најзагрозената куќа, на чиј покрив има кратер од еден метар, веќе денеска почнува санацијата. Градската општина Грочка на семејствата на починатите ќе им дава еднократна парична помош, а редовно ги посетува семејствата на повредените работници – најави Весиќ.
Според Весиќ, на болничко лекување се 13 работници, од кои еден е тешко повреден.
– Сите семејства чии членови на семејства се загинати или повредени, како и семејства чии куќи имаат материјална штета, можат да сметаат на помошта и солидарноста на нивната општина Грочка и нивниот Белград. Сите граѓани на Белград изразуваат солидарност со овие семејства. Изразуваме сочувство до семејствата чии членови загинаа во оваа трагедија – додаде тој.