Портокалот е здрав, но водете сметка колку јадете: Преголемата консумација може да биде опасна

Сподели со своите пријатели

Со остар, но во исто време и сладок вкус, портокалот е одлична закуска, а е еден од најпопуларните видови овошје за сокови, како и за колачи и десерти.

Loading...

Покрај тоа, конзумирањето портокали нуди голем број здравствени придобивки – ни помага да останеме хидрирани, обезбедува високи дози на витамин Ц и многу влакна.

 

 

Дали е можно да се претера со консумирањето на ова овошје?

Одговорот е да. Сто грама портокал содржи 47 грама калории, 87 грама вода, 0,9 грама протеини, 11,8 грама јаглени хидрати, 9,4 грама шеќер, 2,4 грама влакна и 76 отсто од дневната потреба за витамин Ц. јасно е дека е богат со спектар на хранливи материи.

Несакани ефекти од консумирање премногу портокали

Loading...

Ако некој јаде 4-5 портокали секој ден, тоа доведува до прекумерно консумирање на влакна, што може да доведе до стомачни проблеми, грчеви, дијареа, надуеност и гадење.

Според научните истражувања, прекумерното внесување на витамин Ц може да доведе до горушица, повраќање, несоница.

 

 

Колку портокали можете да јадете дневно?

Портокалите се кисели, па го иритираат желудникот кај луѓето кои страдаат од гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Луѓето кои страдаат од ГЕРБ треба да се консултираат со својот лекар пред да го консумираат ова овошје.

Во некои особено тешки случаи, може да доведе до повраќање. Луѓето со високо ниво на калиум, исто така, треба да се консултираат со својот лекар пред да консумираат портокали.

Loading...

Просечниот дневен внес треба да биде еден до два портокали.