Едно лице повредено со остар предмет во Матејче по физичка пресметка

Сподели со своите пријатели

Едно лице добило повреди ос остар предмет во селото Матејче, општина Липково, откако било нападнато од неколку лица.

Loading...

– На 18.11.2021 во 10.45 часот во СВР Куманово – Полициско одделение Матејче, Б.З.(35) од с.Гошинце, општина Липково, пријавил дека О.О.(48) од с.Матејче, општина Липково, физички го нападнал Х.З., нанесувајќи му повреда со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со случајот, О.О. пријавил дека на пат во селото бил физички нападнат од Х.З. и уште неколку други лица.

Од полицијата додаваат, дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Никола Ивановски