Граѓаните на Виена, кои сѐ уште не се вакцинирани против корона вирусот, во наредните денови ќе добијат писмо од Градот, во кое покрај повикот за вакцинација и објаснување за важноста на имунизацијата, има и резервиран датум.
Писмото е напишано во соработка со Австриското здравствено осигурување (OeGK).
– Пристигна вашиот личен термин за вакцината против Ковид – пишува во писмото наменето за невакцинираните.
26 ноември е резервиран за првите примачи на писмото, а оние кои не можат да дојдат до предложениот датум се молат да го откажат, односно преместат.
Во писмото се посочува и дека поради развојот на пандемијата во Австрија, правилото „2G“ ќе важи во се повеќе области, односно пристап ќе имаат само вакцинирани или излекувани лица.
Слични писма разгледуваат и други провинции, а Виена е првата покраина која ги испраќа до невакцинираните, со цел да се забрза вакцинацијата.
Градските власти и ОеГК укажуваат дека останува да се види дали невакцинираните ќе ги искористат датумите резервирани за нив и повикот за вакцинација.
Инаку, во Виена во моментов има околу 340.000 невакцинирани граѓани, за кои е резервиран датум за вакцинација.
Во писмото се објаснуваат и сите митови кои кружат на социјалните мрежи за вакцините, како и лажните вести.