Двајца кумановци повредени откако удриле во машина паркирана покрај автопат

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако автомобил управуван од кумановец удрил во работна машина паркирана покрај самиот автопат Миладиновци – Штип.

Loading...

– На 17.11.2021 околу 20.55 часот во СВР Штип било пријавено дека на автопат Миладиновци – Штип, во близина на населба „Три чешми“, М.К.(52) од Куманово, кој управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во работна машина паркирана надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.К., а со телесни повреди се здобил  сопатникот бил Г.Ѓ.(54) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. 

Никола Ивановски