Русите најавија и беспилотна верзија на најновиот борбен авион од 5-та генерација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русите имаат големи надежи за нивниот најнов борбен авион од петта генерација. Во видеото ја претставија и неговата беспилотна верзија.

Loading...

Руската државна развојна корпорација најави дека работи на нов напреден воен авион без екипаж кој може да се сокрие од непријателските радари.

 

 

Во видеото објавено во понеделникот, Ростек и рускиот авијациски гигант UAC го покажаа најновиот руски борбен авион Сухој Су-75 мат (Шах-мат) и потврдија дека ќе биде направена и беспилотна верзија на тој авион. Оваа напредна, беспилотна верзија на 75 ќе биде контролирана од компјутер, со што ќе се елиминира ризикот пилотите да бидат убиени или можноста тие да паднат во рацете на непријателот.

На професионалец не му треба чекан, на професионалец му треба скалпел. Ова не е само уште еден авион од петта генерација, ова е мат, се вели во видеото.

Во јули Sukhoi го претстави својот најнов борбен авион од петта генерација, пилот верзијата на Su-75 Checkmate, која има форма слична на американскиот F-35, но на светот му е претставена како поевтина и понапредна опција.

Loading...

Checkmate е борбен авион со еден мотор кој се очекува да може да лета речиси двојно поголема од брзината на звукот и да може да се сокрие од противвоздушната одбрана и радарите.

 

 

Првите пробни летови на тој авион се очекуваат во 2023 година, додека пробните летови на беспилотната верзија се очекуваат во 2025 година. Првите масовно произведени модели на овие борбени авиони би требало да се појават веќе во 2026 година, тврдат Русите.

Шах мат е наменет за употреба на кратки писти и е опремен со модуларни тенкови за оружје кои можат да ги носат сите противвоздушни проектили, топови, бомби и наведувани проектили.

Станува збор за уникатен авион, изјавија за медиумите при претставувањето на Су-75 летово, со напомена дека леталото е побрз, има поголем дострел, помала радарска рефлексија и може да носи повеќе оружје од американскиот Ф-35.

Нашата цена, се надеваме, ќе биде меѓу 25 и 30 милиони долари за авион, изјави првиот човек на Ростек, Сергеј Чемезов, што е барем половина од цената на американскиот конкурент.

Loading...