38 казни за брзо возење вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и осум лица вчера биле канзети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (14.11), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се 38 возачи, информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат, дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски