Заклучувањето на невакцинираните во Австрија погодува околу два милиони луѓе.
Оние постари од 12 години кои не биле вакцинирани, а кои во изминатите 180 дена не биле заразени со Ковид19 се соочуваат со ограничување на слободата на движење.
Бројот на засегнати граѓани не може детално да се утврди врз основа на достапните бројки.
Но, познато е дека околу 5,7 милиони луѓе во Австрија се целосно имунизирани, што значи дека примиле до три дози вакцина против коронавирусот или, откако заболеле од Ковид19, примиле најмалку една доза од вакцината.
Познато е и дека бројот на деца до 12 години е околу еден милион.
Кога станува збор за луѓе кои ја прележале болеста, ги има околу 210.000.
Откако беа најавени новите рестриктивни мерки голем број лица излегоа на улиците да го изразат негодувањето со таквите рестрикции.
Protests continue into today in Austria to stop the new lockdown.
Innsbruck, Austriapic.twitter.com/VVrLNKWvBF
— Aaron Ginn (@aginnt) November 14, 2021