ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Продолжува стабилното и сончево време

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утрово преовладуваше малку до умерено облачно време. По одделни котлини има појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден низ државата. Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 14 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме слично време. Ќе преовладува сончево и стабилно време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека температурата ќе се движи од еден степен над нулата во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

 

 

Недела носи зголемување на облачноста, но и натаму ќе се задржи стабилно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југостичен правец. Температурата во утринските часови се очекува да се движи околу два степени целзиусови, додека дневниот маскимум се очекува да достигне 14 степени.

 

 

Стабилното и суво време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски