Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска на Свечената академија по повод Денот на ослободување на градот додели плакети и благодарници на поединци и компании за најголеми општествени заслуги во текот на изминатата година.
„Лајонс клуб Куманово“ е еден од добитниците поради спроведени бројни хуманитарни активности.

Примариус – доктор Сунчица Јосифова, специјалист инфектолог за бројни заслуги и посветен ангажман во областа на здравството.

Признание за Бруно Ивановски – ученик со посебни достигнувања во полето на културата во областа литературно творештво.

Д-р Надица Христовска Мехмедовиќ – успешен здравствен работник со богато искуство во својата струка.

Признание и благодарница доби и командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово, Дејан Илиевски поради посебни заслуги и неуморен ангажман во областа на противпожарна заштита.

Признание за спроведени бројни хуманитарни акции добија приватните компании „Дули ДООЕЛ Куманово“ и „Метал Нет“.


Благодарница и плакета доби и др. Аднан Сулејмани, специјалист педијатар истакнат и искусен лекар во својата област.

Овие плакети следуваат како замена за Ноемвриската награда која оваа година не беше доделена поради фактот што сѐ уште официјално не е конституиран Советот на општината.
Никола Ивановски / Стефан Младеновски

