Во оваа село девојчињата во пубертет стануваат момчиња, науката конечно откри зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Девојчињата од едно изолирано село на Карибите стануваат момчиња, бидејќи во пубертет им растат пениси.

Тие се раѓаат со нешто што наликува на вагина, без тестиси, но за време на пубертетот ги зафаќа бран тестостерон, од кој нагло почнуваат да им растат машки репродуктивни органи. Станува збор за деца од малото село Салинас, во Доминиканската Република, каде едно од 90 деца се раѓа со ова ретко генетско нарушување.

Децата се познати како псевдохермафродити, а Би-Би-Си сними емисија за нив наречена „Одбројување до животот – твоето вонредно создавање“.

Во документарецот се појавува Џони, кој по раѓањето личел на девојче и го добил името „Фелисити“.

Како дете немал машки полов орган и бил одгледан како девојче. Денеска има 24 години и физички и биолошки е маж – по процес кој започнал кога имал седум години.

– Се сеќавам кога носев црвено фустанче. Роден сум дома, а не во болница, па не знаеле точно кој пол сум – вели Џони.

Иако, признава, никогаш не сакал да се облекува како девојче.

Реткото генетско нарушување е предизвикано од недостаток на ензимот поради кој се произведува машки хормон дихидротестостерон во матката.

Сите бебиња пред раѓањето, без разлика дали се машки или женски, имаат внатрешни жлезди познати како гонади и мала испакнатост меѓу нозете наречена туберкула.

Во осмата недела од возраста, бебињата кои го носат хромозомот Y почнуваат да произведуваат големи количини на дихидротестостерон, кој ја претвора туберкулата во пенис. Кај жените тоа е клиторисот.

Сепак, кај некои машки бебиња кај кои недостасува ензимот 5-α-редуктаза, се случува зголемено лачење на хормонот. На тој начин се раѓаат машки деца, кои немаат тестиси, но имаат нешто што личи на вагина.

Затоа, за време на пубертетот, кога се зголемува лачењето на тестостеронот, машките репродуктивни органи почнуваат брзо да растат, а нивниот глас станува подлабок.

Кај луѓето кои имаат два Х-хромозома – од кои едниот има генетски материјал на хромозомот Y, се јавува „ХХ машки синдром“.

Овие луѓе се однесуваат како мажи, но тие се всушност жени. Имаат машки полови органи, но често се недоволно развиени. Може да имаат и гради и потенок глас.

Всушност, денес се познати неколку различни состојби, обично тие луѓе се нарекуваат хермафродити.

Тие физички се еден пол, а психички се сосема различни, додека некои имаат и сперматозоиди и јајце клетки.

Многумина од нив, веднаш по раѓањето, се подложуваат на операција за промена на полот – понекогаш успешно, но најчетсто не.

 

https://youtu.be/6FBR_OLm86E