Четири децении живее во дивината: Има 74 години и живее во колиба без струја и вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Скоро 40 години Кен Смит живее без струја и вода во колиба што сам ја изградил на брегот на далечното езеро во шкотските висорамнини.

Loading...

„Тоа е прекрасен живот. Секој би сакал да го прави тоа, но никој не го прави”, рекол Кен.

Не сите мислат дека животот на Кен: лов и риболов, собирање огревно дрво, перење алишта во стара када надвор е идеален. Особено не за некој кој има 74 години.

Неговата колиба на брегот на езерото Треиг е на два часа пешачење од најблискиот пат што минува по работ на Раното Блато.

„Ова езеро е осамено. Нема патишта, но луѓето живееле во овие области додека не изградиле брана“, изјави Кен за Би-Би-Си. „Урнатините се таму и сега само јас живеам овде“, рече додека гледаше во езерото од врвот на ридот.

Режисерката Лизи Мекензи првпат го контактирала Кен пред девет години и во последните две години снима филм за него наречен „The Treig Hermit“.

Кен, кој по потекло е од Дербишир, почнал да работи кога имал 15 години, изградил противпожарни станици. Животот му се променил кога група насилници го претепале кога имал 26 години. Добил мозочно крварење и бил во несвест 23 дена.

„Мислеа дека нема да закрепнам, дека никогаш повеќе нема да можам да зборувам или да одам, но се опоравив. Тогаш решив дека ќе живеам само според моите правила“, рече тој.

Loading...

Почнал да патува и му се допаднала идејата за дивината. Во Јукон, тој дошол на идеја да го исклучи патот и да оди „никаде“. И така и направи.

Поминал 35.000 километри пред да се врати дома. Додека талкал низ дивината, неговите родители починале. За тоа дознал дури кога се вратил дома.

„Ми требаше долго време да сфатам што се случило. Не почувствував ништо“, рече тој.

Кен ја прошетал цела Британија и кога стигнал до Рано наеднаш помислил на родителите и почнал да плаче.

„Цело време плачев додека одев и го барав најизолираното место во Британија, каде што нема куќа“, рече тој.

„Стотици и стотици милји ништо. Погледнав преку езерото и ја видов оваа шумичка“. Знаел дека тоа е местото каде што сака да остане.

Во тој момент, како што рече, престанал да плаче и завршил со талкањата. Почнал да гради колиба, експериментирајќи со дизајнот со помош на гранчиња.

Четири децении подоцна, огнот во неговата колиба крцка, но нема струја, гас и вода. Нема мобилен сигнал.

Loading...

Дрвата за греење мора да се донесат од шумата и да се исечат. Кен го одгледува својот зеленчук и бара бобинки и овошје во шумата, но неговото „лох“ (езеро) е неговиот главен извор на храна.

„Ако сакате да научите како да живеете самостојно, тогаш треба да научите да ловите риба“, вели тој.

Десет дена откако Мекензи го завршила снимањето, во февруари 2019 година, Кен доживеал мозочен удар додека бил на снег. Тој користел GPS локатор, кој му го дале неколку дена претходно, за да испрати сигнал за помош, во Хјустон, Тексас.

Американците ја информирале британската крајбрежна стража, која со хеликоптер го однела Кен во болницата во Форт Вилијам, каде што се опоравувал со недели.

Персоналот на болницата направил се за да го врати Кен безбедно во својата колиба, иако лекарите се обидувале да го убедат да се пресели во цивилизацијата, блиску до лекарите, продавниците и луѓето. Кен не сакал ни да слушне за таа опција.

Поради последиците од мозочниот удар – заматен вид и губење на меморијата – Кен бил принуден да прифати некаква помош. Главниот началник на имотот, кој се грижи за шумата во која живее Кен, му носи храна на секои неколку недели, која Кен ја плаќа од пензијата.

„Луѓето се љубезни кон мене овие денови“, рекол Кен, кој една година по првото спасување повторно бил префрлен во болница бидејќи врз него паднал куп дрвја.

Сепак, Кен вели дека не се грижи за иднината.

Loading...

„Никој не е тука засекогаш. Ќе бидам тука додека не ми отчука часовникот. Доживеав многу инциденти и сите ги преживеав. Сигурно повторно ќе се разболам, ќе ми се случи нешто што ќе ме однесе, како што е случајот. Сепак, се надевам дека ќе доживеам 102 години“, рече Кен.