Во Занаетчиски дом во Куманово вчеравечер се одржа промоција на книгата „2222 надимка на кумановци на кумановски” на авторот Мирко Зафировски.
Loading...
Ова е трета книга на Зафировски посветена на Куманово.
Вчерашниот културен настан е дел од Програмата „Ноемвриски денови 2021”, поддржан од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
– Со ова дело нашиот град доби уште една печатена приказна, која ќе заземе свое место во културната ризница, останувајќи во наследство на идните генерации, велат од Општина Куманово.
Loading...
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Никола Ивановски