Владата на Сингапур донесе одлука дека невакцинираните пациенти со Ковид повеќе нема да можат да се лекуваат на државен трошок, туку сами ќе ги сносат трошоците.
„Во моментов невакцинираните претставуваат најголем дел од луѓето кои се на интензивна нега. Тие придонесуваат за оптоварување на нашите здравствени ресурси. Од 8 декември поради тоа ќе почнеме да им наплаќаме на пациентите кои не сакаат да се вакцинираат по своја волја, ќе ги наплатиме трошоците за лекување“, се вели во владиното соопштение.
Оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини, како и децата до 12 години, сепак ќе можат да се лекуваат на трошок на државата во случај на болест.
Со оваа мерка властите во Сингапур сакаат да го поттикнат вакцинирањето на граѓаните, кое е прекинато, а во исто време секојдневно расте бројот на нови случаи.