ФБИ соопшти дека уапсило „осомничен сериски убиец“ одговорен за убиство на шест лица и ранување на уште две низ сојузните држави Мисури и Канзас.
Перез Рид (25) е уапсен во петокот откако се симнал од воз во Индепенденс, Мисури, јавува Си-Ен-Ен.
Инспекторите рекоа дека Рид имал патна карта од Сент Луис и дека носел полуавтоматски пиштол со калибар 0,40 во моментот на неговото апсење.
Perez Reed, 25, was arrested Friday after getting off a train in Independence, Missouri. The FBI believes he is responsible for killing six people across Missouri and Kansas. https://t.co/MkSBqW6wB8
— KOMU 8 News (@KOMUnews) November 9, 2021
Најмалку шест жртви биле застрелани од истото огнено оружје калибар 40, од кои четворица фатално.
Уапсениот ја негирал вината.
Жртвите биле застрелани меѓу средината на септември и крајот на октомври.
Рид живеел во Сент Луис, но отпатувал во Канзас Сити, Канзас, каде што две жртви биле убиени на ист начин како и жртвите во Сент Луис.
Обезбедувањето на станбениот комплекс на последната жртва во полиција доставило слика од возачката дозвола на Рид, со која се влегувало во зградата.
На снимката од надзорната камера се гледа црнец со тетоважа на полумесечина на челото, слична на онаа што ја има Рид.
Рид е во притвор, соопшти Обвинителството на округот Сент Луис.