Босна и Херцеговина е позната како земја со неверојатно убава и дива природа, но и скриени бисери кои некако успева да ги зачува од јавноста. Едно од нив е езерото Коп, едно од најчистите езера во Босна и Херцеговина, но и во регионот.
Езерото Коп се наоѓа во близина на Тузла, во Шички Брод. Долгo е 800 метри, широкo 400 метри, а во најдлабокиот дел е длабок околу 35 метри.
View this post on Instagram
Неговата големина е идеална за рекреативен и натпреварувачки риболов, особено затоа што се храни со вода од дури седум извори, што го прави ова езеро најчисто од сите езера во кантонот Тузла.
Езерото е формирано во 1987 година на површинскиот коп Шички Брод, по што го добило името.
Езерото Коп не им е толку познато на туристите, па сè уште љубоморно го чуваат мештаните и локалните рибари.
View this post on Instagram

