Годинава продолжува траидијцата за одбележување на денот на ослободување на Куманово „11 Ноември“ со мега концерт на градскиот плоштад.
Loading...
На плоштадот кумановци утревечер ќе ги забавуваат Bardhi, Пајак, Таско и српските ѕвезди Ѓорѓе Давид и Ивана Петерс.
Настанот е во организација на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Оттаму апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за превенција од коронавирусот.
Концертот ќе започне во 20 часот, а прв ќе настапи косовскиот уметник Bardhi.
Никола Ивановски