Со гласањето на таа социјална мрежа, корисниците на Твитер му порачаа на бизнисменот Илон Маск да продаде 10 отсто од акциите на Tesla за да плати данок.
Повеќе од 3,5 милиони корисници на Твитер учествуваа во анкетата објавена на Твитер од самиот Маск, а „за“ гласале 58 отсто од нив.
Ако го слушне гласот на Твитер, Маск би можел да продаде акции во вредност од речиси 21 милијарда долари (околу 18 милијарди евра).
Маск вети дека ќе постапи во согласност со резултатите од анкетата.
Еден од најбогатите луѓе во светот сѐ уште не ги коментирал резултатите по истражувањето, како и дали навистина ќе го продаде својот сопственички удел.
Ако го стори тоа, ќе треба да плати голема сума пари во даноци.

Во такви големи финансиски трансакции, некои извршни директори користат „слепи“ програми за продажба.
Овие програми вклучуваат проширување на продажбата во подолг временски период за да се избегнат обвинувања за инсајдерско тргување.
Во пораката објавена во саботата, Маск рече дека не добил плата или бонуси од компаниите што ги поседува.
Тоа значи дека немал приход од кој треба да плаќа данок.
Но, Маск заработи милијарди долари преку пакети за компензација, кои му даваат моќ да користи бројни опции на акции кои достигнуваат одредена цена и компанијата ги исполнува своите цели.

Маск има опција која истекува во август следната година, да купи 22,86 милиони акции на Tesla по цена од 6,24 долари.
Односно, што е само дел од конечната цена на акциите во петок од 1.222 долари.
Според плановите предложени од Демократската партија во Сенатот, милијардерите би можеле да бидат оданочени за нереализираните добивки кога цената на нивните акции расте – дури и ако не продадат ништо.
Се проценува дека предложениот данок на капитална добивка, без разлика дали имотот е продаден или не, може да влијае на околу 700 милијардери во САД. Критичарите истакнаа дека вредноста на имотот не секогаш расте.

Неодамнешната анкета на Маск на Твитер ги разбранува духовите во светот на финансиите.
„Сведоци сме на масите на Твитер кои одлучуваат за исходот од фрлањето монети од 25 милијарди долари“, напиша Чамат Палихапитија, канадски експерт.
„Со нетрпение го очекуваме денот кога најбогатиот човек на светот ќе плати некои даноци, без оглед на анкетата на Твитер“, твитна Габриел Цукман, економист од Универзитетот во Беркли.
Маск е еден од најпопуларните светски бизнисмени на Твитер, со речиси 63 милиони следбеници.
Тој редовно ја користи платформата за споделување вести за компаниите што ги поседува – меѓу нив SpaceX и Neuralink.
Тој е познат и по споделувањето мемиња, што придонесува за неговата популарност.
Но, некои објави предизвикаа контроверзии.

Претходно оваа година, тој одговори на Твитер на тврдењето на шефот на Светската програма за храна на ОН дека само два отсто од богатството на Маск може да помогне во решавањето на гладот во светот.
Во октомври, Маск изјави дека ќе продаде акции на Тесла во вредност од шест милијарди долари и ќе ги донира во Светската програма за храна.
Но, тој постави услов, а до е да може да може да му појаснат точно како шест милијарди долари ќе го решат гладот во светот.

